Трамп: Го блокираме Ормускиот теснец, нема да потрае долго, НАТО и Велика Британија испраќаат миниловци

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО сака да помогне во ситуацијата во Ормускиот теснец.

Во разговор за Фокс њуз, тој рече дека преговорите со Иран кон крајот биле „многу пријателски“.

„Ќе го блокираме Ормускиот теснец, ќе биде потребно извесно време“, рече тој, додавајќи дека „нема да биде потребно долго време за да се исчисти теснецот“.

Тој исто така тврди дека „голем број земји ќе помогнат“ во операцијата, вклучувајќи го Обединетото Кралство и други земји, за кои вели дека испраќаат миноловци.

Најави целосна блокада на Ормускиот теснец
Претседателот Доналд Трамп претходно објави дека американската морнарица веднаш ќе започне со блокирање на Ормускиот теснец и дека ќе го пресретне секој брод во меѓународни води што ќе му плати на Иран да помине низ теснецот, а ги обвини нуклеарните амбиции на Иран за неуспехот на преговорите со Техеран.

Scroll to Top