Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони денес, велејќи дека повеќе не може да има ист однос со неа затоа што таа одбила да му помогне во врска со војната во Иран.
„(Мелони) беше негативна. Секој што одби да помогне во управувањето со ситуацијата со Иран, ние повеќе немаме ист однос со таа земја. Само да знаете, Италија добива големи количини нафта од Ормускиот теснец“, рече тој во интервју за „Фокс њуз“.
„Таа веќе не е истата личност и Италија никогаш нема да биде истата земја“, повтори Трамп.
Во телефонски разговор со италијанскиот „Кориере дела Сера“ во вторникот, Трамп рече дека е „шокиран“ од Мелони и дека погрешно мислел дека таа имала храброст потребна да им помогне на САД во нивната војна со Иран.
„Џорџа Мелони не сака да ни помогне во војната, шокиран сум. Дали на луѓето им се допаѓа фактот што вашиот претседател не прави ништо за да добие нафта? Дали ја сакаат? Не можам да замислам. Шокиран сум од неа. Мислев дека има храброст, но грешев“, рече Трамп.







