Трамп: Нема да има војници што одат во Бејрут, оние што беа на пат се вратија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека разговарал по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека Израел нема да испрати војници во Бејрут.

Трамп: Нема војници во Бејрут

„Имав продуктивен разговор со израелскиот премиер Биби Нетанјаху и нема да има војници што одат во Бејрут, а оние што беа на пат веќе се вратија“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“, пренесуваат светските медиуми.

Тој, исто така, рече на „Truth Social“ дека имал „многу добра“ размена со Хезболах преку посредник, додавајќи дека проиранската група „целосно ќе го прекине огнот“.

„Израел нема да ги нападне, а тие нема да го нападнат Израел“, напиша американскиот претседател.

Нетанјаху најави напад врз Бејрут

Претходно, Нетанјаху ја објави одлуката за напад врз јужните предградија на либанскиот главен град, што предизвика загриженост кај жителите и го наруши секојдневниот живот.

Scroll to Top