Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на својата социјална мрежа Truth Social, тврдејќи дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“.
Во исто време, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран.
„Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цврчат“, на нивоа што не се видени досега, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе испадне во ред – секогаш е така!“, рече Трамп.
Интересно е што во својата последна објава, американскиот претседател воопшто не го споменува иранскиот напад врз цели во Кувајт, ниту жестоките воздушни напади на САД врз цели во Иран што беа извршени во текот на викендот.
Централната команда на САД (Centcom) официјално потврди утрово дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран.
Официјалната изјава на Пентагон дојде само неколку минути откако Кувајт објави дека е нападнат, поради што сирените испуштија предупредувања за воздушна закана од ракети и беспилотни летала.
фото/Depositphotos







