Украина во текот на ноќта изврши напад со дронови врз повеќе руски региони, при што биле погодени трговското пристаниште во Ростов, складиште со државни резерви на гориво во Удмуртија и градот Белгород, објави Kyiv Post, повикувајќи се на независниот медиум Astra.
Според руските власти, во Ростов загинале две лица, а петмина се повредени. При нападот избувнале пожари во приватна компанија и складишта, а оштетени биле и станбени објекти.
В Ростове-на-Дону в результате ночной атаки погибла супружеская пара, еще пять человек пострадали
Об этом сообщает губернатор региона Юрий Слюсарь. Среди пострадавших двое находятся в тяжелом состоянии, в том числе подросток. Подробностей, вследствие чего погибли и пострадали… pic.twitter.com/yoAl08J4Eg
— Дождь (@tvrain) July 27, 2026
Во Удмуртија, според OSINT-анализа на Astra, цел на нападот било строго обезбедувано складиште на руската државна агенција за резерви (Росрезерв), каде се чуваат стратешки резерви на гориво. Гувернерот на регионот соопшти дека нема жртви.
Во Белгород, регионалните власти пријавија 12 повредени, меѓу кои и две деца, како и оштетени згради, возила и прекин на снабдувањето со електрична енергија и вода. Според руските власти, опасноста од нови напади со дронови и натаму трае.







