Неколку лица се повредени откако предниот дел на авионот „боинг 787“ на авиокомпанијата „Луфтханза“ неочекувано падна додека паркираше на аеродромот во Франкфурт.
„Патниците сè уште се немаа качено во тој момент“, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека членовите на екипажот и аеродромскиот персонал биле во авионот во времето на инцидентот.
Портпаролот соопшти дека се повредени неколкумина членови на персоналот.
Портпарол на „Боинг“ изјави дека компанијата е свесна за инцидентот, но не даде дополнителни детали.
„Моментално ги истражуваме точните околности со надлежните органи“, додаде „Луфтханза“.
Инцидентот се случил во 12:45 часот, пред авионот да полета за Лос Анџелес.
фото/Depositphotos







