Човештвото од другата страна на Месечината – НАСА објави историски фотографии

Првата фотографија од темната страна на Месечината е направена за време на мисијата Артемис II, а НАСА објави снимки од вселената.

Екипажот на Артемис II, од леталото Орион, за првпат во историјата ја видел темната страна на Месечината, а објавени се и фотографии на кои се гледа таа страна со Земјата во позадина.

„Човештвото, од другата страна. Прва фотографија од далечната, темна страна на Месечината. Снимена од Орион додека Земјата заоѓа зад лунарниот хоризонт“, стои во описот на фотографијата.

Објавена е и фотографија од целосно затемнување, снимена од лунарна орбита, каде Месечината го покрива Сонцето.

За време на прелетот на 6 април, астронаутите направиле и фотографија од басенот Ориентале, каде се гледаат два помали кратери, за кои предложиле да се именуваат Интегрити и Керол.

Екипажот на Артемис II патувал подалеку од Земјата од кој било човек досега и првпат со голо око набљудувал делови од далечната страна на Месечината и затемнување на Сонцето.

Scroll to Top