Со цел да се подобри подготвеноста на вооружените сили на Белорусија за употреба на современо оружје, вклучително и специјална муниција, белоруската армија денес започна со спроведување обука за борбена употреба на нуклеарно оружје и нуклеарна поддршка, објави Министерството за одбрана на Белорусија.
Целта на обуката е да се подобри нивото на обука на припадниците на белоруската армија, да се провери подготвеноста на оружјето, воената и специјалната опрема за извршување на задачи и организирање на борбени операции од непланирани области.
Оваа воена вежба, која се спроведува во соработка со руската армија, се фокусира на испорака на нуклеарно оружје и нивна подготовка за употреба.
Главната цел на вежбата е да се провери подготвеноста за извршување на борбени задачи од неподготвени области низ цела Белорусија и да се вежба прикривање, движење на долги растојанија и пресметување на обемот на распоредување на сили и опрема.
Оваа обука, која се спроведува во границите на Белорусија, не е насочена против трети земји и не претставува закана за безбедноста во регионот, објави белоруското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.







