Британскиот министер за одбрана: Русија и Путин се најголемата безбедносна закана за Велика Британија

Русија и рускиот претседател Владимир Путин се најголемата закана за безбедноста на Велика Британија, изјави британскиот министер за одбрана Вес Стритинг, предупредувајќи дека земјата се соочува со најголем ризик од војна во неговиот живот.

Стритинг во интервју за „Сан“ во пресрет на конференцијата на Лабуристичката партија во Ливерпул, оцени дека оваа закана е една од причините за одлуката за најголемо одржливо зголемување на издвојувањата за одбрана од крајот на Студената војна.

– Имаме војна на нашиот континент. Имаме руски претседател со империјалистички амбиции, кој постојано ја тестира британската одбрана, одбраната на НАТО и силата на нашите сојузништва, рече Стритинг.

Тој додаде дека Велика Британија денес се соочува со поголем ризик од војна отколку во кој било период од неговиот живот.

Стритинг оцени дека земјата во моментов ги има потребните капацитети за својата безбедност, но предупреди дека тоа би се променило доколку одбранбените способности останат непроменети во следните пет години.

– Воената сила го зајакнува одвраќањето, а силното одвраќање значително ја намалува можноста да завршиме во војна со Русија или со кого било друг, порача британскиот министер.

Scroll to Top