Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Несреќата се случила околу 13 часот.
„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг се здобил со тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.
Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.
View this post on Instagram
Во Црна Гора моментално има активни пожари во шест општини, во Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
View this post on Instagram
Четири авиони моментално се борат со пожарите, а се очекува наскоро да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гаси пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите.