(Видео) Еруптира вулкан на Хаваите

Вулканот Килауеа на Хаваите еруптирал на Бадник, при што фонтаните од лава достигнувале висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаумау на Големиот остров, а била регистрирана од камерите на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA TODAY.

Ерупцијата почнала вечерта на 23 декември и завршила рано наутро на 24 декември по локално време. Активноста можела да се следи во живо преку онлајн-камери.

Килауеа, кој се наоѓа во Националниот парк „Хавајски вулкани“, е еден од најактивните вулкани во светот. Ова е 39-та регистрирана ерупција годинава, наведуваат научниците.

Фото: pexels

Scroll to Top