(Видео) Зеленски предупреди на необична активност на границата со Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е забележана необична активност на белоруската страна од границата и порача дека украинските сили внимателно ја следат ситуацијата.

Тој нагласи дека Украина е подготвена да реагира на секој обид соседни сили да бидат вклучени во агресивни акции против нејзиниот суверенитет.

Зеленски најави и нови пакети санкции, како и продолжување на разговорите со европските и блискоисточните партнери за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана и економската стабилност.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии и засилена контрола врз интернетот во Белорусија, додека растат стравувањата дека земјата би можела повторно да стане платформа за нова ескалација кон Украина.

Scroll to Top