(Видео) Медицински хеликоптер се урна во морето кај Лос Анџелес; двајца загинати

Медицински хеликоптер се урна синоќа во близина на островот Каталина, недалеку од Лос Анџелес. Во несреќата загинаа две лица, две беа пренесени во болница, а во тек е потрага по уште едно лице, пренесува АП.

Џонатан Торес од Противпожарната служба на округот Лос Анџелес ја потврди смртта на две лица и транспортот на двајца повредени во локални болници. Членот на окружниот совет, Џенис Хан, на платформата „Икс“ објави дека, според информациите што ги добила, хеликоптерот се урнал кратко по полетувањето од островот.

Потрага по исчезнатото лице и остатоците од леталото
Надлежните служби добиле известување за несреќата синоќа, нешто пред 20 часот, по што веднаш реагирале службите за итна помош и Крајбрежната стража на САД. Остатоците од хеликоптерот биле лоцирани на длабочина од 73 метри во близина на островот Каталина, кој се наоѓа на околу 35 километри од брегот на округот Лос Анџелес.

Се верува дека хеликоптерот е во сопственост на компанијата „REACH Air Medical Services“, со седиште во Сакраменто.

Scroll to Top