(Видео) „Мислев дека ова е крајот“: австралиски сурфер нападнат од ајкула, камерите снимиле се

Австралискиот сурфер Енди Мекдоналд за малку избегна смрт откако беше нападнат од голема бела ајкула во близина на Маргарет Ривер во Западна Австралија претходно оваа недела, објави Би-би-си.

Мекдоналд рече дека додека сурфал одеднаш видел ајкула како му се приближува. „Во тој момент помислив: ова е крајот на мојот живот“, рече тој, по што ајкулата го каснала за даската и го влечела во водата.

Тој почнал да клоца и да се бори со животното, обидувајќи се да го избрка.

Целата случка била снимена од сурферска камера поставена на брегот.

Потоа ајкулата се повлекла и нурнала подлабоко во океанот, оставајќи го Мекдоналд во голема мера неповреден. Иако даската била целосно уништена, тоа не го спречило брзо да се врати на своето хоби.

фото: принтскрин

Scroll to Top