Најмалку едно лице беше убиено, а десетици полицајци беа повредени во широките ноќни протести во Перу против претседателот Хозе Хери, кој ја презеде власта пред само неколку дена, соопшти канцеларијата на народниот правобранител.
Владата ќе прогласи вонредна состојба во главниот град Лима во рок од неколку часа и подготвува пакет мерки за справување со растечката несигурност, изјави премиерот Ернесто Алварез на прес-конференција доцна синоќа.
🇵🇪WATCH:
Visuals from Peru show Gen Z led protests turning violent in front of the Congress building in Lima, with clashes leaving at least one dead and over 70 injured, including police officers.
The demonstrations erupted less than a week after José Jeri took over as interim… pic.twitter.com/xWxkZGJKyP
— Aares (@aares0205) October 16, 2025
Протестот, свикан од демонстрантите од младата генерација Z, транспортните работници и граѓанските здруженија, беше најновиот во серијата демонстрации против корупцијата и растечкиот криминал во земјата што доведоа до драматично соборување минатата недела на поранешната претседателка Дина Болуарте, на која едногласно и беше изгласана недоверба и разрешување од функцијата од страна на перуанскиот Конгрес.
Илјадници демонстранти се собраа низ целата земја, а стотици се судрија со полицијата пред Конгресот во Лима. Полицијата испука солзавец, а некои фрлаа огномет, камења и запалени предмети. „Сите мора да си одат!“ извикуваа демонстрантите додека пристигнуваа во Конгресот и се обидуваа да ги срушат металните бариери што ја штитеа зградата, што доведе до судири.
Едуардо Маурисио Руиз, 32, беше убиен за време на протестот и неговата смрт ќе биде истражена, изјави Фернандо Лосада, портпарол на Канцеларијата на народниот правобранител. Канцеларијата на перуанскиот обвинител соопшти дека Руиз починал откако бил застрелан.
Претседателот го изрази своето жалење за смртта на Руиз во објава на Икс, велејќи дека смртта ќе биде истражена „објективно“. Тој ги обвини за насилството „деликвентите кои се инфилтрирале во мирните демонстрации за да посеат хаос“. „Врз нив ќе биде применета целосната сила на законот“, напиша тој.
фото: принтскрин







