(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси

Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се прошири низ социјалните мрежи.

По пожарот во Кран-Монтана, болниците во регионот продолжуваат да бидат под притисок.

Матијас Рејнард, претседател на кантонот Вале, утрово за швајцарското радио изјави дека многу вработени дошле на работа на слободен ден за да помогнат и дека се водат разговори за доведување дополнителни специјалисти за изгореници од Франција.

Швајцарски функционер предупреди дека бројот на жртви во пожарот може да се зголеми.

Стефан Ганцер, шефот за безбедност на кантонот Вале, каде што се наоѓа ски-центарот, изјави за француското радио RTL: „Околу 100 повредени се во критична состојба. Бројот на жртви е ужасен и може да се зголеми“.

Досега неофицијално бројот на жртви е 47.

Scroll to Top