(Видео) Родители се качувале и останале заглавени на највисокиот врв во Полска со деветмесечното бебе

Во полските Татри, планински водич Шимон Сточ спасил деветмесечно бебе откако неговите родители од Литванија останале заглавени при спуштање од највисокиот врв на Полска.

Иако биле предупредени дека патеката е покриена со мраз и снег, родителите продолжиле со искачувањето без соодветна опрема и без патничко осигурување. Откако увиделе дека не можат безбедно да се спуштат, водичот сам го зел бебето и го однел на сигурно.

Инцидентот предизвика лавина гневни реакции на социјалните мрежи — многумина побараа родителите да бидат пријавени поради загрозување на животот на детето.

Планината Риси, на границата меѓу Полска и Словачка, е позната по опасните зимски услови, а службите редовно апелираат да не се искачува без соодветна опрема.

Scroll to Top