(Видео) Уапсен сериски убиец во Бразил, се маскирал во жена за да избега

Полицијата во североисточниот дел на Бразил уапси 33-годишен маж осомничен за најмалку 16 убиства извршени во последните три месеци. Жорлан Лопес да Силва бил фатен во градот Мулунгу, маскиран како жена и со двегодишно дете во рацете, кое не е негово.

Според бразилските медиуми, тој се обидел да ја измами полицијата носејќи фустан, перика, женски сандали и очила за сонце, а имал и налакирани нокти. Полицајците го препознале откако дел од облеката се поместил и му ја открил тетоважата. Детето не било повредено.

Истражителите засега го поврзуваат со 16 убиства извршени од крајот на мај. Тој, наводно, пред полицијата тврдел дека во текот на две децении убил вкупно 80 луѓе, но ова тврдење сè уште се проверува.

Полицијата истражува и дали е поврзан со други злосторства. Меѓу случаите е двојното убиство на двајца бизнисмени во август, а осомничениот ја одвел полицијата до местото каде што било закопано едно од телата.

Scroll to Top