Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп.
Мерц рече дека ова се „одлучувачки денови за Украина“ и дека очекувањата од состанокот не само што се исполнети, туку и надминати. Тој нагласи дека цела Европа мора да учествува во обезбедувањето сигурносни гаранции за Украина.
Тој додаде дека Трамп разговарал со Владимир Путин и дека е договорено средбата меѓу Путин и Володимир Зеленски да се одржи во рок од две недели, објави Ројтерс.
Средбата, за која Путин се согласил за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се одржи на сè уште неопределена локација, изјави Мерц за новинарите.
Мерц рече дека не знае дали Путин ќе има храброст да се сретне со Зеленски.
Британскиот премиер за Си-ен-ен: Многу работи се договорени
На прашањето на новинар на Си-ен-ен што е договорено на состанокот, Стармер кратко одговори: „Многу работи се договорени“.
фото: принтскрин