Европа брзо старее: објавена мапа што покажува која нација старее најбрзо

Европа брзо старее. Најновите податоци од Евростат за 2025 година покажуваат дека разликата помеѓу најмладите и најстарите европски земји е речиси 15 години, што покажува колку изразени се демографските промени низ целиот континент.

Средната возраст е возраста што го дели населението на два еднакви дела.

Картата на Евростат покажува дека во Македонија населението е со просечна старост од 42,1 години, во Србија 45,4 години, што е повисоко од просекот на Европската Унија, кој изнесува 44,9 години. Покрај Србија, и Хрватска исто така има многу висока средна возраст со 44,3 години, па следуваат Романија со 44,1 и Унгарија со 44,8 години. Во споредба со овие земји постаро е населението во Италија со средна возраст од 49,1 година, Португалија и Бугарија со по 47,3 години, како и Грција со 47,2 години.

Од друга страна, Турција се издвојува меѓу најмладите земји во Европа со 34,4 години, Исланд со 37,2 години и Ирска со 39,6 години.

Евростат наведува дека средната возраст во Европската Унија се зголемила за повеќе од две години во последната деценија, главно поради помалиот број раѓања и зголемениот удел на постарото население.

Демографското стареење веќе влијае на пазарот на трудот, пензискиот систем и здравствената заштита во голем дел од Европа. Земјите од Балканот се особено погодени поради масовната емиграција на помладото население.

Иако Европа генерално е меѓу најстарите региони во светот, разликите меѓу земјите се огромни. Додека некои земји се обидуваат да го надоместат недостатокот на население преку имиграција, други се соочуваат со забрзано празнење на помалите градови и села.

Според проценките на Евростат, процесот на стареење на населението само ќе се забрза во наредните децении, па затоа средната возраст во Европската Унија би можела да надмине 50 години до крајот на векот.

Scroll to Top