Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ

Евростат објави детални податоци за тоа колку граѓани кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментално имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.

На 31 октомври оваа година, вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1%).

Земјите-членки на ЕУ кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина биле Германија (1.229.960 лица; 28,6% од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5%) и Чешка (393.005; 9,1%).

Список на земји според примени бегалци од Украина:

  1. Германија – 1.229.960
  2. Полска – 965.005
  3. Чешка – 393.005
  4. Шпанија – 250.135
  5. Романија – 197.675
  6. Словачка – 137.600
  7. Холандија – 132.200
  8. Ирска – 117.805
  9. Белгија – 93.520
  10. Австрија – 90.340
  11. Норвешка – 82.590
  12. Финска – 77.335
  13. Бугарија – 75.255
  14. Швајцарија – 70.950
  15. Италија – 56.940
  16. Франција – 54.005
  17. Литванија – 50.600
  18. Шведска – 48.315
  19. Данска – 45.230
  20. Унгарија – 42.430
  21. Грција – 37.685
  22. Естонија – 34.965
  23. Латвија – 31.280
  24. Хрватска – 28.070
  25. Кипар – 24.755
  26. Словенија – 10.950
  27. Малта – 2.445
  28. Лихтенштајн – 845
Scroll to Top