Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари на лидерите на самитот на НАТО во Анкара необичен подарок – пиштоли и кутија со боева муниција, објавија светските медиуми.
Портпаролот на германската влада за ДПА изјави дека револверот наменет за германскиот канцелар Фридрих Мерц бил предаден на германската амбасада со цел да се спроведе постапката за легален увоз, по што ќе биде вклучен во збирката на службени подароци.
Британскиот премиер Кир Стармер претходно им рече на новинарите за време на летот кон дома дека Ердоган им дал на сите лидери на самитот ист подарок, и на секое оружје гравирано името на примателот, објавија „Гардијан“, „Би-Би-Си“ и „Прес Асошиејшн“.
Според овие наводи, Стармер го оставил својот револвер во Турција за да биде онеспособен, иако Ердоган приложил документ со кој се откажува од извозните ограничувања. Увозот на пиштолот во Велика Британија, всушност, би ги прекршил строгите закони за огнено оружје на Велика Британија.
Канцеларијата на турскиот претседател сè уште не одговорила на барањето на ДПА за подарокот оружје.
Фото: ЕПА







