Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.

Тој му се заблагодари на Трамп за она што го нарече „најдобрата средба досега“, истакнувајќи дека имал можност да му покаже мапа на бојното поле и да му објасни кои територии се контролирани од украинските и руските сили. „Нашиот тим направи многу“, рече Зеленски, нагласувајќи дека сојузниците се обединети и дека на Украина не ѝ е потребна пауза во војната, туку „вистински мир“.

Украинскиот претседател откри дека добил „важни сигнали“ од Соединетите Држави за безбедносните гаранции и дека Вашингтон понудил да одржи трилатерален состанок со Трамп и Владимир Путин „што е можно поскоро“.

Според него, Путин во разговорот со Трамп прво предложил билатерален состанок, а потоа и трилатерален, пренесува Ројтерс. „Украина е подготвена да се сретне со Путин во која било форма“, рече Зеленски, додавајќи дека деталите за безбедносните гаранции ќе бидат разработени во следните десет дена.

фото: принтскрин

Scroll to Top