Иран постави седум услови за преговори со САД

Иран им испратил на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа на услови засега не е објавена.

„Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: ако Вашингтон сака да излезе од мочуриштето што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаи на Икс.

Тој претходно за Ал Џезира откри три од седумте услови: завршување на војната на сите фронтови, ослободување на замрзнатиот ирански имот и укинување на американската поморска блокада. Останатите четири услови не ги откри.

Според Резаи, Катар како посредник веќе ги пренел барањата до Вашингтон, а Техеран сега го чека одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иранскиот функционер предупреди дека Техеран е подготвен и за продолжување на судирот доколку преговорите не успеат.

„Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да дадат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, рече Резаи.

Катар и Пакистан во последните недели се обидуваат повторно да ги воспостават преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.

Scroll to Top