Во последните недели, коцкарите инвестираа 32,7 милиони долари на исходот од холандските парламентарни избори, користејќи ја американската платформа за предвидување „Полимаркетс“.
Најмногу облози беа поставени на Партијата на слободата (ПВВ) – повеќе од 10 милиони долари, а на D66 – речиси шест милиони, пишува “NL Times£.
„Полимаркетс“ е онлајн платформа за предвидување која нема лиценца за коцкање, но им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходот од идните настани, вклучувајќи ги и парламентарните избори.
До минатиот вторник, ПВВ беше фаворит со 70, 80 проценти шанси за победа, но во текот на средата D66 го презеде водството, со 94 проценти шанси за освојување на најмногу места.
Доколку има нерешен резултат, победникот ќе се определи по азбучен ред.
На платформата за предвидувања за следниот премиер, лидерот на Христијанско-демократскиот апел (CDA) Анри Бонтенбал долго време беше фаворит со повеќе од 50 проценти шанси, но сега лидерот на D66 Роб Јетен води со околу 81 процент.
Шансите на лидерот на ПВВ, Герт Вилдерс, да стане премиер се 1,1 процент.
Фото: принтскрин







