Мадона го повика папата Лав да отпатува во Газа за да „ја донесе својата светлина на децата пред да биде предоцна“. Таа објави порака на социјалните мрежи велејќи дека е инспирирана од роденденот на нејзиниот син Роко.
„Чувствувам дека најголемиот подарок што можам да му го дадам како мајка е да ги замолам сите да направат сè што можат за да помогнат во спасувањето на невините деца затекнати во вкрстен оган во Газа“, напиша Мадона.
Пејачката, која е воспитана како римокатолик, додаде дека поглаварот на Католичката црква е „единствениот меѓу нас на кого не може да му се забрани влез“ во Газа и предупреди дека „нема повеќе време“.
„Не обвинувам никого, не префрлам вина ниту заземам страна“, напиша таа. „Сите страдаат. Само се обидувам да направам сè што можам за да ги спречам овие деца да гладуваат“.
фото: принтскрин