Италија има јасен став за поддршка на Украина, а Москва покажува знаци на нервоза, изјави денес италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Ако Италија сака да игра одредена улога, важно е да задржи јасен став, а тој никогаш не се променил“, рече таа на прес-конференција, осврнувајќи се на Украина, објави АНСА.
Во исто време, Мелони ги опиша „континуираните руски провокации“ како знак на „некаков вид нервоза и агитација на Москва“.







