Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во петокот дека би бил спремен да се придружи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, но дека не може да го прифати планот во неговата сегашна форма.
„Во формата во која е поставен сегашниот Одбор за мир, не можеме да ги прифатиме неговите управувачки структури од уставни причини“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.
„Сепак, секако дека сме подготвени да истражиме други форми, нови форми на соработка со Соединетите Американски Држави ако целта е да се најдат нови формати што ќе нè доближат до мирот во различни региони во светот“, додаде тој.
Мерц нагласи дека ваквите формати не треба да бидат ограничени само на Газа и Блискиот Исток, туку би можеле да се применат и во Украина, рече тој.







