Нетанјаху: Војната со Иран не е ни блиску до крај, но за сè одлучува Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Си-ен-би-си“ изјави дека секоја одлука за целосно враќање кон воени акции против Иран ќе зависи од американскиот претседател, Доналд Трамп.

Нетанјаху нагласи дека и американските и израелските сили се целосно подготвени за такво сценарио.

Во продолжение на разговорот, тој додаде дека конфликтот со Иран сè уште не е ни блиску до завршување, но истакна дека Техеран е значително ослабен по досегашните удари.

Фото: depositphotos

Scroll to Top