Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека секоја одлука за прекин на агресијата што му ја наметнаа на Иран, Соединетите Американски Држави и Израел, ќе биде донесена исклучиво врз основа на условите и националните интереси на Иран.
На денешната седница на иранското државно раководство, предводена од Пезешкијан, беше разгледана моменталната состојба во земјата во воени услови и работењето на властите во одржувањето на основните активности во земјата во воени услови, објави иранската државна новинска агенција „Тасним“.
На седницата детално беше разгледана состојбата во земјата во вонредни воени услови, протокот на залихи со основни животни потреби, состојбата со залихите и мерките што ги презема извршната власт, државните служби, институциите за помош и надлежните министерства.
Порано денес, Пезешкијан ја пофали „храброста на ирачкиот народ и борците кои застанаа покрај Иран за време на војната“ што САД и израелскиот режим ѝ ја наметнаа на Исламската Република.
Тој изрази благодарност до ирачкиот народ, властите и борците за нивната „непоколеблива поддршка за време на американско-израелската агресија против Иран“.
„Муслиманскиот народ на Ирак храбро застана покрај Иран во оваа неправедна војна. Нивната непоколебливост не е последица на географска неопходност, туку на заедничка историја, идентитет и религиозни вредности. Ја почитувам вашата отпорност и ја потврдувам нашата посветеност“, рече претседателот, пренесува Танјуг.







