Пилот на „Изи џет“ шетал низ хотелот пијан и гол, требал да лета следниот ден, суспендиран е

Британската авиокомпанија „Изи џет“ суспендира еден од своите пилоти откако гостите на луксузен хотел во Капо Верде наводно го виделе како шета по заедничките простории пијан и целосно гол рано наутро, објавува „Би-би-си“. На 4 август, пилотот пристигнал во хотелот Melia Dunas Beach Resort and Spa, каде што почнал да пие во хотелскиот бар. Околу 2:30 часот по локално време на 5 август, по долго пиење, се соблекол и почнал да шета низ рецепцијата, а потоа низ теретаната и спа-центарот на хотелот. „Пилотот не носел облека и смрдел на алкохол“, изјавил анонимен извор од авиокомпанијата за „Сан“. „Секој што го видел како се забавува гол во раните утрински часови денот пред летот, сигурно не би сакал да лета со него“ Пилотот требаше да лета со повратниот лет за Лондон Гетвик попладнето на 6 август, но компанијата го отстрани од служба откако доби поплаки и најде замена. Портпарол на „Изи Џет“ потврди за „Би-би-си“ дека пилотот е суспендиран и дека е во тек внатрешна истрага. „Безбедноста на нашите патници и екипаж е нашиот највисок приоритет“, соопшти компанијата. Етичкиот кодекс на „Изи џет“ наведува дека вработените мора да се однесуваат со интегритет.

Scroll to Top