Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ослободувањето следело по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин.

Американски официјални лица соопштија дека Москва го ослободила 32-годишниот Гилман откако Путин го помилувал поради нарушено здравје. Американските власти претходно барале тој да биде ослободен за да може да се лекува во САД.

„Ја цениме оваа одлука и фактот што Русија не побара никого за возврат – немаше никаква размена“, изјави Трамп.

Гилман бил затворен во Воронеж, откако бил уапсен во јануари 2022 година додека патувал со воз. Според руските државни медиуми, бил обвинет дека удрил полицаец додека бил пијан. Бил осуден на четири и пол години затвор.

Американски официјални лица соопштија дека Гилман денеска со авион на Стејт департментот патува кон аеродромот „Вашингтон Далес“.

Scroll to Top