Рускиот претседател, Владимир Путин предложил прекин на огнот во Украина за време на одбележувањето на Денот на победата на 9 мај, за време на телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Украинскиот претседател Зеленски побарал дополнителни детали за предлогот, но воедно изнел контрапредлог за подолгорочен прекин на непријателствата.
„Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, сигурност за луѓето и траен мир“, порача Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена за сериозен мировен процес.
И украинскиот министер за надворешни работи Андри Сибиха ја отфрли идејата за кратко примирје само за парадата во Москва, прашувајќи: „Зошто не сега?“
Според Киев, доколку Русија навистина сака мир, треба веднаш да прогласи целосен прекин на огнот од најмалку 30 дена.







