Путин: Русија не ја загрозува Европа ниту планира војна со европските земји

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Кремљ е подготвен да ги продолжи разговорите со Украина.

Во опширни изјави за состојбата на војната, која Москва продолжува да ја нарекува исклучиво „специјална воена операција“, Путин тврдеше дека конфликтот завршува, но одби да даде конкретен временски рок, објави Sky News.

Според него, руските сили напредуваат во сите правци на бојното поле. Путин, исто така, рече дека Русија не ја загрозува Европа ниту планира војна со европските земји, и покрај фактот дека Украина, која ја нападна, е дел од Европа. И покрај тврдењата за воен напредок, тој ја повтори подготвеноста на Москва за дијалог со Киев.

Путин претходно го коментираше инцидентот со дрон што удри во станбена зграда во Галац, Романија. „Украинските беспилотни летала и претходно летале во Полска и балтичките држави. Мислам дека имаме иста ситуација и тука“, рече Путин.

Тој тврди дека Европската Унија побрзала да ја обвини Русија и сугерираше дека Украина може да биде одговорна за инцидентот. Тој, исто така, побара од Романија да ги предаде остатоците од авионот на Русија за да може Москва да спроведе сопствена истрага и да го утврди неговото потекло.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top