САД одобрија продажба на оружје на Украина во вредност од 825 милиони долари

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на оружје на Украина, чија вредност се проценува на 825 милиони долари, објави Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста на САД (DSCA).

Пакетот вклучува ракети со долг дострел и соодветна опрема што ги побара Киев.

Како што е вообичаено со продажбата на странско оружје, агенцијата соопшти дека Конгресот е известен.

Американските власти велат дека продажбата ќе ги зајакне безбедносните капацитети на Украина и ќе придонесе за нејзината способност да се соочи со сегашните и идните закани, како и да спроведува мисии за самоодбрана и регионална стабилност.

Се вели дека купувањето е финансиски поддржано од САД, Данска, Холандија и Норвешка.

Објавата доаѓа откако Русија изврши повеќе од 600 ракетни и беспилотни напади во среда навечер, што е нејзина најтешко бомбардирање од крајот на јули, и покрај неделите дипломатски напори за прекин на конфликтот.

фото: принтскрин

Scroll to Top