Грчката крајбрежна стража започна потрага по исчезната пливачка во близина на градот Агиа Триада, во близина на Солун. Според грчките медиуми, жената е српска државјанка.
Порталот „Прототема“ наведува дека жената отишла на пливање со двајца пријатели, а крајбрежната стража била известена за нејзиното исчезнување околу 21:30 часот по локално време.
Во спасувачката операција учествуваат два брода на крајбрежната стража, брод во близина и рибарски чамец. На барање на крајбрежната стража, мобилизиран е грчки спасувачки тим, кој пристигна за да помогне, заедно со екипаж од четири члена волонтери и спасувачкиот брод „Один“, пренесува „Танјуг“.
Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на околуниот дел од морскиот брег и отвореното море во надеж дека ќе ја најдат исчезнатата туристка жива и здрава.







