Судoт во Минхен: „Гугл“ е одговорен за неточните одговори на вештачката интелигенција

Судoт во Минхен пресуди дека „Гугл“ може директно да одговара за неточните информации што ги генерира неговата функција „AI Overview“.

Спорот го покренаа две издавачки куќи, откако алатката по грешка ги поврзала со сомнителни деловни практики и измами. Судот оцени дека AI-резимеата не се обични резултати од пребарување, туку претставуваат нова содржина создадена од самиот Гугл.

Судиите заклучија дека вештачката интелигенција не само што ги сумира изворите, туку создава сопствени тврдења, па затоа компанијата може да сноси одговорност за нивната точност.

Судот му наложи на Гугл да престане да ги шири спорните тврдења и да покрие 80 проценти од судските трошоци. Од компанијата најавија жалба, нагласувајќи дека континуирано инвестираат во подобрување на точноста на AI-одговорите.

Scroll to Top