Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека цените на нафтата нагло ќе паднат кога САД ќе ја добијат војната против Иран.
„Цените на нафтата ќе паднат, како и сè друго, но повеќе, кога ќе ја добиеме војната против Иран. Ќе бидат три долари за галон, но на крајот под два долари за галон. Сè ќе се случи брзо, а Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.
За споредба, дизел горивото во САД денес чини просечно 4,15 долари за галон, додека најскапо е во Калифорнија каде што е 5,86 долари.







