Трамп: Израел и Иран мора веднаш да престанат со „пукање“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи по најновата ескалација на Блискиот Исток и ги повика Израел и Иран веднаш да ја прекинат размената на оган.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека двете земји мора веднаш да го прекинат огнот.

„Иран и Израел мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, пишува во кратката објава на Трамп.

Неговата реакција дојде по новите напади меѓу Израел и Иран, кои повторно ги разгореа стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток. Досега, Трамп не коментираше детално за можните американски потези или дали Вашингтон е вклучен во дипломатските напори за смирување на ситуацијата.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top