Трамп подложен на преглед со магнетна резонанца: „Беше совршено“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанца, без да каже зошто.

– Беше совршено – им рече тој на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Токио.

Магнетната резонанца користи магнети и радио бранови за да создаде детални слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење на голем број состојби.

Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската проценка, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.

Во јули, Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел од нозете и модринки на десната рака, откако фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.

Фото: принтскрин

Scroll to Top