Доналд Трамп потврди дека планира постхумно да му го додели Претседателскиот медал за слобода на конзервативниот активист Чарли Кирк. Церемонијата ќе се одржи во Белата куќа, во она што тој го нарече многу безбеден Вашингтон.
„Ќе ја одржиме церемонијата во нашата прекрасна Бела куќа во многу безбеден Вашингтон, место кое Чарли навистина го почитуваше“, рече претседателот.
Потоа Трамп продолжи да зборува за тоа како неговата администрација го запре криминалот во главниот град на земјата за само 12 дена, дозволувајќи им на луѓето безбедно да одат по улиците.
фото: принтскрин