Четиригодишно момче од Србија за малку ќе се удавело вчера на плажа на Халкидики, а полицијата го уапси неговиот татко по инцидентот, пренесуваат медиумите во регионот.
Вистинската драма се одвиваше вчера попладне на плажата Калитеа, во општина Касандра, кога четиригодишно момче од Србија речиси ќе се удавело додека беше на одмор со своето семејство во Грција.
Според крајбрежната стража, откако на четиригодишното момче му беше укажана прва помош од спасувач на плажата, тоа беше пренесено со брза помош прво во Здравствениот центар Касандра, а потоа во Општата болница на Халкидики за понатамошен медицински третман.
Потоа полицијата го уапси таткото на момчето за прекршување на член 306 од Кривичниот законик. Не е познато дали детето било само во водата во времето на инцидентот.
Фото: принтскрин







