Лукашенко: Ниту на Москва ниту на Минск им е потребна војна, но треба да бидат подготвени за неа

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес за време на средбата со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов изјави дека ниту на Белорусија ниту на Русија им е потребна војна на западниот фронт.
„Се подготвуваме за војна, но правиме сè што е можно за да ја избегнеме. Ниту нам, ниту на вас ни е потребна. Сепак, за да се спречи тоа да се случи, секогаш мора да се биде подготвен. Затоа нашите заеднички сили во западен правец секогаш ќе бидат потребни и тие денес се во добра состојба“, рече Лукашенко, пренесува „Белта“.
Лукашенко ѝ се заблагодари на Москва за помошта во воспоставувањето контрола со употреба на разни технички средства по периметарот на Федералната држава, особено по нејзините граници со Украина и западните земји.



