Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Прин: Насилството на улиците е сигнал дека интеграцијата на мигрантите во Германија треба да се подобри

Германската министерка за образование Карин Прин денес изјави дека насилството што се случи по протестот на младите во саботата навечер е индикација дека интеграцијата на луѓето од мигрантско потекло во германското општество треба да се подобри.

Таа изјави дека инцидентите на демонстрациите биле предизвикани од левичарски радикали и поединци кои доаѓаат од „мигрантското милје“, објави Дојче Веле.

„Признавањето на овој факт не значи поттикнување омраза, туку соочување со реалноста и разгледување на причините зошто луѓето посегнуваат по такви средства“, рече министерката.

Поврзани вести