Сабота, 17 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

САД спречиле извоз на иранска нафта вредна 25 милијарди долари и замрзнале криптовалути од 350 милиони долари

17.10.2026, 10:28

Соединетите Американски Држави со помош на поморска блокада го спречиле Иран да извезе нафта во вредност од 25 милијарди долари, а помогнале и во замрзнувањето криптовалути во вредност од 350 милиони долари што му припаѓаат на Техеран, соопшти синоќа командантот на американските сили на Блискиот Исток, адмиралот Бред Купер.

Во видеоснимка објавена на платформата Икс, Купер навел дека американските сили им помагаат на бродовите да минуваат низ Ормускиот Теснец. Во текот на изминатата недела низ него поминале 400 трговски пловила, а од почетокот на војната бил овозможен транспорт на повеќе од една милијарда барели нафта.

Тој додал дека од февруари, како последица на иранските напади врз трговските бродови, загинале повеќе од 20 цивилни поморци.

Иран практично го затвори Ормускиот Теснец, клучен коридор за транспорт на нафта, откако САД и Израел на 28 февруари извршија напад врз Иран. Тоа придонесе за раст на цените на нафтата на светските пазари, пренесува Танјуг.

Поврзани вести