Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тибет, најмалку 16 загинати

Најмалку 16 лица загинаа, а 32 се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7 степени што синоќа го погоди Тибет, во Кина. Меѓу повредените, 11 лица се во тешка состојба, а најмалку 339 куќи се урнати.
Земјотресот се случил во четвртокот, во 22:33 часот по локално време, во округот Баќинг, во градот Нагчу, во северниот дел на Тибет.
Кинескиот сеизмолошки центар процени дека жариштето на земјотресот било на длабочина од 10 километри, додека Американскиот геолошки завод (USGS) ја процени длабочината на 18 километри.
Спасувачките екипи ја продолжија потрагата по настраданите и им помагаат на погодените жители. Полицијата и пожарникарите поставуваат шатори за луѓето кои останале без своите домови по земјотресот.
Кинеската државна телевизија CCTV објави дека ова е најсилниот земјотрес што го погодил регионот во последните пет години.


