Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека рокот за Иран истекува вечерва и најави можен напад.
„20:00 ќе се случи. Ако дојдеме до таа точка, ќе следи напад каков што не виделе. Ако преговорите денес тргнат напред и се појави нешто конкретно, рокот би можел да се промени“, рече тој.
Trump:
8 p.m. is happening. If we get to that point, there is going to be an attack like they have not seen.pic.twitter.com/IkpGv2T6jY
— Clash Report (@clashreport) April 7, 2026
Станува збор за ултиматумот што го постави Иран да го отвори Ормускиот теснец, кој истекува во 20:00, односно 2 часот по полноќ во Македонија.
Претходно, Трамп се огласи и на „Трут соушал“ со закана кон Иран:
„Цела една цивилизација вечерва ќе умре и никогаш повеќе нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“
Тој додаде и: „47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови големиот народ на Иран!“
Иранскиот аналитичар Hassan Ahmadian оцени дека ваквите изјави покажуваат дека Трамп станува „сè поочаен“.
„Тонот од ден во ден станува сè поостар, што ми кажува дека е во неволја“, рече Ахмадијан.
Тој додаде дека Трамп со заканите сака да изврши притисок врз Иран:
„Сака неговите закани посериозно да допрат до Иранците и да ги натера да го променат мислењето.“
Ахмадијан предупреди дека, иако не верува во целосно уништување, САД може да изведат посилен воен удар, на што Техеран би одговорил со иста мерка.
Во меѓувреме, Трамп повеќепати го одложуваше рокот за договор или отворање на теснецот, заканувајќи се дека во спротивно Иран го „чека пекол“.
„Нема да имаат мостови. Нема да имаат електрани. Нема да имаат ништо“, изјави тој.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, предупреди дека нападите врз цивилна инфраструктура се забранети, но Трамп рече дека тоа „воопшто не го загрижува“.
Иран, според дипломатски извори, не прифаќа договор без гаранции дека нема повторно да биде нападнат, додека разговорите, како што се наведува, сè уште траат.







