Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Обама ја исмеа Белата куќа на Трамп поради количината на злато: американскиот претседател повторно реагираше

Доналд Трамп повторно остро го критикуваше Барак Обама поради неговата шега дека, по реновирањата на Трамп, Белата куќа изгледа „како Садам Хусеин да отворил ’Чизкејк фактори‘“. На еден собир во Ајова, Трамп застана во одбрана на ланецот ресторани, наведувајќи дека Обама не би требало да ја омаловажува компанијата.

„Тоа е всушност добра компанија. Ми се допаѓа нивниот чизкејк. Го познавам нивниот чизкејк. Не би требало да ја омаловажува“, рече Трамп, пред повторно да почне да ги брани зафатите што ги спровел во Белата куќа. „Чизкејк фактори“ е американски ланец ресторани познат по обемното мени кое вклучува американски и интернационални јадења, како и по широкиот избор на чизкејк.

X (Twitter)

Trump: Barack Hussein Obama saying something about Cheesecake Factory. It’s a good company. I love the cheesecake. I know the cheesecake. He shouldn’t be disparaging it. https://t.co/BEUlaDqm3H

— Acyn (@Acyn) November 1, 2026

Погледни на X

„Белата куќа беше во многу лоша состојба“
Трамп тврдеше дека почнал со поправки во Белата куќа бидејќи таа била во многу лоша состојба. Тој посочи на скршени прозорци, оштетени надворешни украси и делови кои, според него, не биле поправани со децении.

„Знаете ли зошто ја поправив Белата куќа? Затоа што беше во многу лоша состојба. Скршени прозорци, оштетени украси на надворешноста на зградата. Изгледаше ужасно“, рече тој.

Потоа, Трамп повторно го спомена „Барак Хусеин Обама“, како и неговата споредба со „Чизкејк фактори“. Тој додаде дека работите ги извеле „најдобрите луѓе“ и истакна дека смета оти е особено вешт кога станува збор за градежништво и реновирање.

X (Twitter)

“He’s got the White House looking like Saddam Hussein opened up a Cheesecake Factory” — Obama https://t.co/3fH8IQP1MG

— Aaron Rupar (@atrupar) October 24, 2026

Погледни на X

Обама: Изгледа како Садам да отворил „Чизкејк фактори“
Конфликтот започна на 24 октомври, кога Обама, на еден предизборен собир во Охајо, се пошегува на сметка на уредувањето на Белата куќа од страна на Трамп, особено за изобилството од златни украси. „Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил ’Чизкејк фактори‘. Злато има насекаде“, рече тој.

Два дена подоцна, Трамп одговори дека Обама „не разбира“ колку чиста и уредна мора да биде Белата куќа и го нарече лош претседател. Неколку членови на администрацијата на Трамп, како и републикански коментатори, исто така ја протолкуваа шегата на Обама како омаловажување на популарниот ланец ресторани.

Обама потоа појасни дека не го исмева самиот ресторан, туку склоноста на Трамп кон раскошен декор. Тој рече дека со години оди во „Чизкејк фектори“ (Cheesecake Factory) со своите ќерки и се пошегува на сметка на тоа што неговата шега предизвикала толку остри реакции од страна на администрацијата.

Поврзани вести