Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Објавени нови снимки од падот на воен хеликоптер во близина на Брчко

Хеликоптер „CH-47 Chinook“, кој припаѓа на италијанскиот контингент на ЕУФОР, вчера се урна во селото Горице, во близина на Брчко. Четири лица загинаа, а 11 се повредени. Објавени се нови снимки од несреќата.

На снимките се гледа како хеликоптерот лета на мала височина, неколку пати се врти во воздухот, а потоа паѓа на земја.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Во леталото имало 15 лица. Три лица загинале на самото место, а четвртото лице подоцна им подлегнало на повредите во болница. Меѓу загинатите се Симоне Руџија и Клаудио Маркези, припадници на италијанските вооружени сили, како и Франко Адријано Зекило и Лаура Прокачи, припадници на Доброволниот воен корпус на Италијанскиот црвен крст.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Според ЕУФОР, сите 11 повредени лица се во стабилна состојба. Деветмина се на лекување во Брчко, додека двајца се пренесени во болница во Тузла.

X (Twitter)

#Gorice BiH EUFOR Helicopter crashed https://t.co/zt4iB5owj7

— Archangel (@MikiKey1000) October 29, 2026

Погледни на X

Хеликоптерот се урна за време на рутинска вежба за обука. Падна во ненаселена област, во близина на неколку куќи. Немаше цивилни жртви, ниту пак беше причинета штета на цивилната инфраструктура, имотот или возилата.

Поврзани вести