Среда, 21 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Свештеници и калуѓерки маршираа кон Ватикан: повикaa на крај на војната во Газа

23.09.2026, 06:02

Околу 150 католички свештеници, верски браќа, калуѓерки и еден бискуп вчера маршираа кон Ватикан за да повикаат на крај на конфликтот во Газа, кој го опишуваат како геноцид. Тие одржаа молитва пред базиликата „Свети Петар“. Свештениците и калуѓерките допатуваа од целиот свет, пренесува АП.

X (Twitter)

Centinaia di preti manifestano a Roma contro la guerra e per la pace in Terra Santa https://t.co/WzaIMJwo5S

— Radio Vaticana (@Rvaticanaitalia) September 22, 2026

Погледни на X

Додека се движеа по главната авенија што води кон Ватикан, демонстрантите носеа транспарент со имињата на 300 деца убиени во војната во Газа и во јужен Либан. Учесниците во маршот не влегоа на територијата на Ватикан и беа придружувани од италијанската полиција. Протестот беше организиран од мрежата „Свештеници против геноцидот“, основана во август 2025 година. Организаторите наведуваат дека групата обединува повеќе од 2.500 свештеници и бискупи од пет континенти.

X (Twitter)

Sacerdotes marcharon en el Vaticano contra el “genocidio” en Gaza https://t.co/YVSisDDkA3 https://t.co/uAGv2pZfvA

— Cooperativa (@Cooperativa) September 22, 2026

Погледни на X

Меѓу демонстрантите беше и Франко Москоне, надбискуп на италијанскиот град Манфредонија. По молитвата, поворката се упати кон палестинската и либанската амбасада, како и кон седиштето во Рим на италијанската компанија за одбрана „Леонардо СпА“. На овогодишниот марш се собраа значително повеќе луѓе отколку на минатогодишниот.

Поврзани вести